Русија соопшти дека знаела за намерите на американското разузнавање да ги користи комерцијалните сателитски оператори како што е „СпејсИкс“ и предупреди дека таквите потези ги прават нивните сателити легитимни цели за напад.
Ројтерс овој месец објави дека „СпејсИкс“ гради мрежа од стотици шпионски сателити, според доверлив договор со американска разузнавачка агенција, што покажува продлабочување на врските меѓу вселенската компанија на Илон Маск и агенциите за национална безбедност.
„Свесни сме за напорите на Вашингтон да го привлече приватниот сектор да им служи на неговите воени вселенски амбиции“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Таквите системи „стануваат легитимна цел за одмазднички мерки, вклучително и воени“, рече Захарова.