РУСИЈА ГИ РАСПОРЕДИ ПРВИТЕ СУПЕРСОНИЧНИ ПРОЕКТИЛИ

    РУСИЈА ГИ РАСПОРЕДИ ПРВИТЕ СУПЕРСОНИЧНИ ПРОЕКТИЛИКомпјутерска симулација на проектилот „авангард“ што ја објави руското Министерство за одбрана

    Русија ја распореди првата генерација на своите суперсонични проектили „Авангард“, објави тамошното Министерство за одбрана. Од технолошки аспект, ова беше споредено со лансирањето на првиот советски сателит во вселената во 1957 година.

    Локацијата не беше откриена, но официјални лица претходно навестија дека тоа ќе биде во планините Урал.

    Претседателот Владимир Путин кажа дека овие проектили, способни да носат и нуклеарни глави од два мегатона, можат да патуваат 20 пати побрзо од брзината на звукот, со што ќе ја стават Русија во предност во однос на останатите нации.

    „Тие располагаат со извонредна способност за маневрирање и против нив можеби нема одбрана“, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

    Путин во вторникот кажа дека „Авангард“ би можел да ги пробие и сегашните и идни одбранбени системи.

    „Моментално, ниту една држава не располага со суперсонично оружје, а камоли суперсонично оружје со континентален домет“, рече Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира