РУСИЈА ГИ ВООРУЖУВА ТАЛИБАНЦИТЕ ВО АВГАНИСТАН, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКИ ГЕНЕРАЛ

    РУСИЈА ГИ ВООРУЖУВА ТАЛИБАНЦИТЕ ВО АВГАНИСТАН, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКИ ГЕНЕРАЛГенералот Џон Николсон ги предводи американските сили во Авганистан. (Фото: принтскрин/Би-Би-Си)

    Русија ги поддржува и дури ги вооружува Талибанците, изјави шефот на американските сили во Авганистан за „Би-Би-Си“. Во интервју за британската телевизија, генералот Џон Николсон вели дека видел дестабилизирачки активности на Русите.

    Тој вели дека руско оружје се шверцува преку границата на Таџикистан до Талибанците, но не може да каже во колкав обем. Русија ги негира ваквите обвинувања од САД, тврдејќи дека нема докази.

    „Гледаме наратив што се користи со кој во голема мера се претерува со бројот на борци на ИСИС тука. Ваквиот наратив потоа се користи како оправдување од Русите да ги легитимизираат акциите на Талибанците и да обезбедат некое ниво на поддршка за Талибанците. Имаме оружје донесено во нашиот штаб од Авганистанците, кои велат дека било дадено од Русите на Талибанците. Знаеме дека Русите се вмешани“, вели американскиот генерал.

    Тој верува дека директното руско мешање во Авганистан е релативно ново. Тој вели дека Русија спровела серија воени вежби на границата на Авганистан и Таџикистан.

    „Тоа се антитерористички вежби. Но, сме виделе такви шеми на Русите и претходно. Тие ќе донесат големо количество опрема и потоа оставаат дел зад себе“, рече Николсон.

    Индициите се дека тоа оружје и друга опрема потоа се шверцуваат преку границата и завршува во рацете на Талибанците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира