РУСИЈА ГО БЛОКИРАШЕ И ФЕЈСБУК

    РУСИЈА ГО БЛОКИРАШЕ И ФЕЈСБУКРускиот парламент денеска донесе закон против ширење „лажни вести“ за руската армија, со казни до 15 години затвор. (Фото: Пекселс)

    Руското регулаторно тело Роскомнадзор денеска соопшти дека го блокира пристапот до Фејсбук во Русија. Според соопштението на Роскомнадзор, утврдени биле 26 случаи на дискриминација против руските медиуми од октомври 2020 година.

    Како одговор на ваквата одлука на руските власти, претседателот на Фејсбук за глобални прашања Ник Клег кажа: „Наскоро, милиони обични Руси ќе се најдат отсечени од пристап до сигурни информации и оставени без секојдневен начин да се поврзат со фамилијата и пријателите и замолчени да го кажат своето мислење“.

    Блокадата на Фејсбук доаѓа по сè поголемите протести во Русија против руската инвазија на Украина.

    Претходно денеска, рускиот парламент донесе закон против ширење „лажни вести“ за руската армија, со казни до 15 години затвор.
    Кусо по усвојувањето на законот, „Би-Би-Си“ соопшти дека прекинува со новинарска работа во земјата.

    Претходно, во Русија беше блокиран Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира