РУСИЈА ГО КАЗНИ „ГУГЛ“ СО 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 ДОЛАРИ

    РУСИЈА ГО КАЗНИ „ГУГЛ“ СО 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 ДОЛАРИКазната се однесува на ограничувањето на содржините на 17 руски медиумски канали на Јутјуб (Фото: Гети)

    Рускиот суд го казни „Гугл“ со незамислив износ: двојка зад која следат 36 нули поради ограничувањето на каналите на руските државни медиуми на Јутјуб. Преведено во долари, американскиот технолошки гигант треба да ѝ плати на Русија 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари.

    Иако е една од највредните компании на светот, ова е значително повеќе од два трилиона долари, на колку што е проценета. Поточно, ова е повеќе од севкупниот бруто домашен производ на светот, што Меѓународниот монетарен фонд го проценува на 110 трилиони долари.

    Сумата достигна такво неверојатно ниво зашто, како што објави државната новинска агенција ТАСС, се удвојува за секој ден што нема да се плати.

    Јас не можам ни да ја изговорам таа бројка, но менаџментот на ‘Гугл‘ нека обрне внимание“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Казната за „Гугл“ се однесува на ограничувањето на содржините на 17 руски медиумски канали на Јутјуб. Ова почна уште во 2020, но ескалираше со почетокот на руската инвазија на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира