РУСИЈА ГО ПРОГЛАСИ АЗОВСКИОТ БАТАЛЈОН ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПА

    РУСИЈА ГО ПРОГЛАСИ АЗОВСКИОТ БАТАЛЈОН ЗА ТЕРОРИСТИЧКА ГРУПАГолем дел од баталјонот беше заробен од руската војска по падот на Мариупол во мај (Фото: АФП)

    Врховниот суд на Русија го прогласи контроверзниот украински Азовски баталјон за терористичка група. Овој баталјон, кој има крајнодесничарски и ултранационалистички корени, е најпознатата единица на украинската војска, која одигра клучна улога во повеќемесечната одбрана на Мариупол. Киев тврди дека тој се реформирал откако влегол во составот на регуларната војска. 

    Русија постојано го истакнуваше Азов како изговор дека Украина е под контрола на фашисти. Државната пропаганда притоа ги споредуваше азовските борци со нацистите од Втората светска војна.

    Претходно стациониран во Мариупол, голем дел од баталјонот беше заробен од руската војска по падот на градот во мај и одведен во затворска колонија на територијата на самопрогласената Народна Република Доњецк.

    Според тамошните закони, азовските борци сега се соочуваат со смртна казна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира