РУСИЈА И НАТО СЕГА СЕ ВО ДИРЕКТЕН СУДИР, ВЕЛИ КРЕМЉ

    РУСИЈА И НАТО СЕГА СЕ ВО ДИРЕКТЕН СУДИР, ВЕЛИ КРЕМЉУкраинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба доаѓа на состанокот во Брисел по повод 75 години од формирањето на НАТО (Фото: Гети)

    Русија и НАТО сега се во директен судир, кажа Кремљ, додека западната воена алијанса одбележува 75 години од формирањето.

    Владимир Путин пред повеќе од две години нареди целосна инвазија на Украина во обид да го спречи ширењето на НАТО уште повеќе кон Русија. Како реакција на војната, Шведска и Финска аплицираа и во меѓувреме станаа членки на НАТО.

    „Во реалноста, односите помеѓу Русија и НАТО дојдоа до ниво на директна конфронтација. НАТО веќе е вклучено во конфликтот во Украина и продолжува да се движи и да ја шири својата воена инфраструктура кон нашите граници“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Путин постојано повторува дека Русија била измамена од западот откако по завршувањето на Студената војна и растурањето на Варшавскиот пакт ѝ било ветено дека НАТО нема да се шири кон исток. Западот ја отфрла оваа верзија и тврди дека НАТО е исклучиво одбранбена алијанса и дека пристапувањето е демократска одлука на државите.

    Од почетокот на инвазијата, членките на НАТО ја помагаат Украина со оружје, обука и разузнавачки информации, па Русија вели дека со тоа фактички е учесник во војната. Во февруари, Путин изјави дека директен конфликт помеѓу Русија и НАТО би бил вовед во трета светска војна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира