Русија донесе закон со кој им се дозволува на централната банка и на другите финансиски институции да управуваат со одбранбени системи и да вооружуваат персонал за да се одбранат од напади со дронови без вклучување на специјалните сили, покажа документ објавен од Долниот дом на парламентот.
Системите за одбрана од дронови ќе бидат лоцирани веднаш до централната банка, најголемата банка во земјата „Сбербанк“ и Руската асоцијација за собирање готовина. На вработените во тие институции ќе им биде дозволено да бидат вооружени.
„Институциите сами ќе ги покриваат трошоците за одбрана од дронови“, изјави Анатоли Аксаков, шефот на финансискиот комитет во Долниот дом на рускиот парламент.
Александар Шохин, шефот на најмоќното бизнис лоби во Русија, вчера му рече на Владимир Путин дека компаниите се подготвени да финансираат купување потешко оружје и електронски системи за да ја заштитат својата инфраструктура од напади со дронови.
Ова се случува во време кога Русија се мачи да ги заштити клучните локации на својата огромна територија од украинските напади, што ја принуди да ја распореди својата противвоздушна одбрана во некои области, оставајќи ја екстремно слаба или непостоечка на други места. Украина ги засили нападите врз руската енергетска и производствена инфраструктура во изминатиот период, при што дронови стигнаа и до Москва.



