РУСИЈА ИЗВЕДЕ ГОЛЕМ РАКЕТЕН НАПАД НА УКРАИНА, ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ЛВОВ, НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА

    РУСИЈА ИЗВЕДЕ ГОЛЕМ РАКЕТЕН НАПАД НА УКРАИНА, ПЕТМИНА ЗАГИНАТИ ВО ЛВОВ, НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈАЛансирањето на три ракети од рускиот регион Белгород снимено од Харкив (Фото: АП)

    Русија утрово изведе голем ракетен напад на Украина, кој ги зафати речиси сите делови од земјата. Пет лица загинаа во Лвов, потврдија локалните власти, додека во Харкив и Одеса се погодени станбени и инфраструктурни објекти.

    Непријателска ракета падна во станбена област во населбата Золочив. Уништени се три згради. Засега знаеме дека има петмина загинати, но можеби има уште луѓе под урнатините“, изјави шефот на воената управа на Лвов, Максим Козицки.

    Гувернерот на Харкив, Олег Синегубов, изјави дека градот и околината биле погодени со 15 ракети, додека Одеса останала без струја по ракетирањето на енергетски објект. Експлозии се регистрирани и во Киев, Житомир, Виница, Ревне, Полтава и Днепар, каде што загинало едно лице.

    Четириесет посто од Киев моментално е без греење откако снема струја“, изјави градоначалникот Витали Кличко.

    Без струја е и најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје.

    Денеска е прекината и последната линија на комуникација помеѓу окупираната нуклеарка Запорожје и украинскиот електроенергетски систем. Гориво за операциите има за уште десет дена“, соопшти државната компанија „Енергоатом“.

    Украинската војска соопшти дека биле лансирани 48 крстосувачки ракети, од кои 34 биле соборени.

    Ракетниот напад се случи додека украинската војска продолжува да одбива жестоки руски налети на Бахмут, а САД предупредуваат дека исцрпувачката војна би можела да трае со години.

    Путин би можел да ја влече војната со години зашто Русија не е доволно силна за да лансира голема офанзива оваа година. Не веруваме дека руската војска доволно ќе се обнови оваа година за да освојува големи територии, но Путин најверојатно смета дека времето е на негова страна“, вели директорката на Националното разузнавање на САД, Аврил Хејнс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира