РУСИЈА ЈА ИЗГУБИ КОНТРОЛАТА ВРЗ СВОЈАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА ПОРАДИ УКРАИНСКИТЕ НАПАДИ, ВЕЛИ ТРАМП

    РУСИЈА ЈА ИЗГУБИ КОНТРОЛАТА ВРЗ СВОЈАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА ПОРАДИ УКРАИНСКИТЕ НАПАДИ, ВЕЛИ ТРАМПУкраина во изминатите месеци ги зачести нападите врз руската енергетска инфраструктура (Фото: социјални мрежи)

    Доналд Трамп изјави дека рускиот енергетски сектор претрпел сериозни последици поради војната во Украина и повика на прекин на „апсурдниот и бесконечен“ конфликт помеѓу Москва и Киев.

    „Русија, за жал, ја изгуби контролата врз својата индустрија за дизел гориво поради војната со Украина“, кажа Трамп.

    Украина во изминатите месеци ги зачести нападите врз руската енергетска инфраструктура, кои онеспособија речиси половина од капацитетите за преработка на нафта. Големата рафинерија на „Газпром Нефт“ во Москва запрела со преработката на сурова нафта по украинските напади со дронови викендов. Еден извор изјави за „Ројтерс“ дека можеби ќе бидат потребни неколку недели за поправка на штетата и за обновување на работата, откако избувнал пожар на двете примарни единици за дестилација на сурова нафта во рафинеријата.

    Голем број од нивните рафинерии за дизел се разнесени и, барем привремено, надвор од функција. Оваа апсурдна и бескрајна војна со Украина мора да заврши. Целиот свет страда, додека секој месец гинат 25.000 луѓе, главно војници“, додаде Трамп.

    Одговарајќи му на Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да ги запре нападите врз Русија доколку Кремљ го стори истото.

    Енергетскиот сектор и критичната инфраструктура на Украина и нашиот извоз на храна мора да престанат да бидат цели за Русија, а тоа ќе доведе до соодветни чекори на деескалација од наша страна. Природата на војната сега е таква што и агресорот страда“, рече тој.

    Зеленски треба денеска да се сретне со Трамп во Њујорк, велејќи дека таа средба би можела да промени многу.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира