Горниот дом на рускиот парламент потврди дека претседателските избори во Русија ќе се одржат на 17 март 2024. Сите 162 пратеници во Советот на федерацијата ја поддржаа одлуката.
„Со оваа одлука, и официјално го означуваме почетокот на предизборната кампања“, изјави претседателката на Советот на федерацијата, Валентина Матвиенко.
Таа додаде дека за првпат и жителите на делови на Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон ќе земат учество во гласањето.
„Со заеднички избор на шефот на државата, ние целосно ја споделуваме заедничката одговорност и заедничката судбина на нашата татковина“, рече Матвиенко.
Владимир Путин засега не се изјаснил официјално дали ќе бара нов шестгодишен мандат.