РУСИЈА ЌЕ ПРАЌА МУЗИЧАРИ ВО УКРАИНА ЗА ДА ГО КРЕВА МОРАЛОТ НА СВОИТЕ ВОЈНИЦИ НА ФРОНТОТ

    РУСИЈА ЌЕ ПРАЌА МУЗИЧАРИ ВО УКРАИНА ЗА ДА ГО КРЕВА МОРАЛОТ НА СВОИТЕ ВОЈНИЦИ НА ФРОНТОТНовата „креативна бригада“ ќе се состои од пејачи и свирачи (Фото: Гети)

    Русија ќе распореди музичари на фронтот во Украина со цел да го крене моралот на своите трупи. Министерството за одбрана го објави формирањето на „креативна бригада“ која ќе вклучува пејачи и свирачи.

    Според рускиот огранок на Би-Би-Си, бригадата ќе се состои од војници кои биле регрутирани во мобилизацијата наредена од Владимир Путин, како и од професионални уметници кои доброволно влегле во воената служба.

    Нејзината задача ќе биде да ги одржува високиот морал и политичката и психолошка состојба на учесниците во специјалната воена операција“, соопшти министерството за одбрана.

    Руската војска нема остварено победа во Украина уште од летоска, кога ги освои Северодоњецк и Лисичанск во регионот Луганск и според британското министерство за одбрана, се соочува со „висока стапка на загуби, слабо водство, проблеми со плаќањето и со недостиг на муниција, опрема и јасни цели на војувањето“.

    Со цел да се крене моралот, и министерот за одбрана Сергеј Шојгу ги посетил руските војници во Украина.

    Министерот Шојгу ги провери истурените позиции на руските единици во зоната на специјалната воена операција и разговараше со војници и заповедници на фронтот“, соопшти руското министерство за одбрана, без да прецизира кога се случило тоа.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира