РУСИЈА ЌЕ ПРОТЕРА 10 АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ КАКО ОДМАЗДА ЗА САНКЦИИТЕ

    РУСИЈА ЌЕ ПРОТЕРА 10 АМЕРИКАНСКИ ДИПЛОМАТИ КАКО ОДМАЗДА ЗА САНКЦИИТЕМинистерот за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека Москва ќе додаде осуммина Американци на својата листа за санкции (Фото: Гети)

    Русија објави дека ќе протера десетмина американски дипломати и ќе преземе други одмазднички чекори како одговор на новите санкции од САД.

    Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека Москва ќе додаде осуммина Американци на својата листа за санкции и ќе ги запре американските невладини организации да се мешаат во руската политика. Тој му препорача на американскиот амбасадор во Русија Џон Саливан да замине дома на консултации.

    Ова следува откако САД денеска воведоа санкции против Русија протераа десетмина руски дипломати, поради, како што беше кажано, сајбернападите и други непријателски дејства. Белата куќа кажа дека руските разузнавачи стојат зад минатогодишниот голем хакерски напад на американските институции и ја обвини Русија за мешање во неодамнешните претседателски избори во САД. Русија ги негираше сите овие обвинувања.

    Лавров кажа дека Русија би можела да преземе болни мерки против американските бизнис интереси во Русија, но нема да го направи тоа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира