РУСИЈА МОРА ДА СФАТИ ДЕКА Е НА ПОГРЕШЕН ПАТ ВО УКРАИНА, ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ВОЈСКАТА ЗА ДА ГО ОЛЕСНИ МИРОТ, РЕЧЕ ШОЛЦ

    РУСИЈА МОРА ДА СФАТИ ДЕКА Е НА ПОГРЕШЕН ПАТ ВО УКРАИНА, ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ ВОЈСКАТА ЗА ДА ГО ОЛЕСНИ МИРОТ, РЕЧЕ ШОЛЦИма смисла да се продолжат мировните разговори, бидејќи тие конкретно го зголемуваат притисокот врз Русија, вели Шолц. (Фото: ЕПА)

    Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на дополнителни меѓународни разговори за да се отвори патот за крај на војната во Украина, но не се обврза на понатамошна воена поддршка за Киев. Минатонеделните безбедносни разговори за Украина на кои домаќин беше Саудиска Арабија беа „многу важни“, но „навистина само почеток, за жал“, рече Шолц во неговото годишно летно интервју за германскиот јавен радиодифузер Зе-Де-Еф емитувано денеска.

    Канцеларот го оцени учеството на Кина како особено важно, како и дипломатите вклучени во разговорите предводени од Саудиска Арабија. Кина, можеби најважниот меѓународен партнер на Русија, го прескокна претходниот меѓународен самит одржан во Копенхаген во јуни.

    „Затоа има смисла да се продолжат овие разговори, бидејќи тие конкретно го зголемуваат притисокот врз Русија да сфати дека тргнала на погрешен пат и дека мора да ги повлече трупите, за да го олесни мирот.

    Русија не беше поканета да присуствува на состанокот. Меѓу учесниците беа советници за национална безбедност и претставници од над 40 земји, меѓу нив нив Украина, САД, Германија, Кина, Индија, Бразил и Јужна Африка и меѓународни организации, како и Обединетите нации.

    Во интервјуто, германскиот канцелар беше прашан и дали Берлин би можел да се согласи на снабдување на Киев со крстосувачки ракети „таурус“ за одбрана од Русија. Но, Шолц, на типичен начин, остана воздржан. Како и во минатото, неговата влада секогаш внимателно ја испитува секоја поединечна одлука – да види што е можно, што има смисла, каков би можел да биде германскиот придонес, рече Шолц.

    Украина продолжува да врши притисок врз германската влада да го снабдува Киев со крстосувачки ракети Таурус за одбрана од руската инвазија. Притисокот врз Шолц по ова прашање неодамна се зголеми и во Германија.

    Политичарите од владејачките партии и опозицијата побараа на украинските вооружени сили да им се даде оружен систем погоден за уништување бункери и заштитени командни пунктови на оддалеченост до 500 километри. Поддржувачите го гледаат ова како уште еден јасен чекор кон зајакнување на одбранбените капацитети на Украина. Сепак, постои и дебата за тоа дали Украина, исто така, има намера да ги користи ракетите за можни напади врз руска територија и како тоа би можело да се спречи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира