РУСИЈА ОБЈАВИ НОВ УЧЕБНИК ПО ИСТОРИЈА ВО КОЈ СЕ ВЕЛИЧА ИНВАЗИЈАТА ВРЗ УКРАИНА

    РУСИЈА ОБЈАВИ НОВ УЧЕБНИК ПО ИСТОРИЈА ВО КОЈ СЕ ВЕЛИЧА ИНВАЗИЈАТА ВРЗ УКРАИНАУчебникот е за 17-годишни средношколци, а напишан е за 5 месеци. (Фото: Гети)

    Русија објави учебник по историја во кој се велича инвазијата во Украина. Учебникот, очигледно напишан за само пет месеци, е дел од заострувањето на контролата на Кремљ врз историскиот наратив во училиштата. Ова е тренд кој се забрза во огромна мера откако претседателот Владимир Путин започна целосна војна против Украина во 2022. Новите учебници по историја ќе бидат испечатени пред децата да се вратат на училиште во септември.

    Инвазијата на Украина, која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“, сè повеќе им се претставува на младите Руси како дел од историската мисија на Москва. Презентирајќи го новиот учебник за 11-то одделение – 17-годишници – на прес-конференција во Москва, рускиот министер за образование, Сергеј Кравцов, рече дека материјалот има за цел „да им ги пренесе целите [на офанзивата во Украина] на учениците“, за кои рече дека се „демилитаризација и денацификација“, повторувајќи ги наведените цели на Путин кога тој испрати војници во Украина лани во февруари. Учебникот опфаќа период од 1945 до 21 век и Кравцов рече дека ќе биде „во сите училишта на 1 септември“, а е напишан за „нешто помалку од пет месеци“.

    „По завршувањето на специјалната воена операција [во Украина], по нашата победа, дополнително ќе ја дополниме оваа книга“, рече тој.

    Книгата содржи делови за руските војници кои „го спасуваат мирот“ во 2014, кога Москва го анектира полуостровот Крим од Украина која постојано е означена како „нацистичка држава“. Исто така, ги осудува западните санкции, опишувајќи ги како полоши од Наполеон, кој маршираше кон Русија во 1812. Во новата историска книга, исто така, се наведува дека „главната цел“ на Западот е „да ја дестабилизира ситуацијата внатре во Русија“ и ја става Москва како жртва на западната агресија која се бори за сопственото постоење.

    Кога се опишува потеклото на војната во Украина, книгата го цитира Путин, кој постојано тврдеше дека инвазијата на војната во Украина започнала со цел „да се стави крај на борбите што ги започна Западот“. Историската книга, исто така, ја опишува Украина како „вештачка држава“, папагализирајќи го долгиот есеј на Путин „За историското единство на Русите и Украинците“, кој вели дека „Русија навистина беше ограбена“ кога Украина стекна независност во 1991 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира