РУСИЈА ПОДГОТВЕНА ДА ГО КОРИСТИ НОВИОТ „НЕВИДЛИВ“ ХИПЕРСОНИЧЕН ПРОЕКТИЛ „ЦИРКОН“

    РУСИЈА ПОДГОТВЕНА ДА ГО КОРИСТИ НОВИОТ „НЕВИДЛИВ“ ХИПЕРСОНИЧЕН ПРОЕКТИЛ „ЦИРКОН“„Циркон“ лета девет пати побрзо од брзината на звукот (Фото: АП)

    Русија заврши со тестирањата на својот хиперсоничен крстосувачки проектил „циркон“, кој до крајот на годината ќе биде распореден на нов брод од црноморската флота. Командирот на флотата, Александер Мојсеев, изјави дека „Адмирал Головко“ ќе биде првиот брод постојано вооружен со „циркон“.

    Путин го опиша „циркон“ како дел од новата генерација вооружени системи без конкуренција, кој лета девет пати побрзо од брзината на звукот.

    Министерството за одбрана соопшти дека минатата недела било спроведено успешно пробно гаѓање со „циркон“ од Баренцово Море, а метата била оддалечена илјада километри во Белото Море.

    Руските власти велат дека постојните противракетни системи не можат да го пресретнат „циркон“ бидејќи при летањето формира „штит од плазма“, што го прави невидлив.

    Русија бележи големи загуби во тримесечната војна во Украина, но продолжи со тестирањата на нови проектили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира