РУСИЈА ПРЕСТАНА ДА Ѝ ИСПОРАЧУВА ГАС НА ФИНСКА

    РУСИЈА ПРЕСТАНА ДА Ѝ ИСПОРАЧУВА ГАС НА ФИНСКАФинска одби да плаќа за рускиот гас во рубли (Фото: АФП)

    Гаспром“ утрово престана да ѝ испорачува гас на Финска. Руската компанија бара од европските земји да плаќаат за гасот во рубли како одговор на западните санкции, што Финска го одби.

    Ова се случува во исто време кога Финска потврди дека ќе аплицира за членство во НАТО, одлука што беше поттикната од руската инвазија на Украина.

    Увозот на гасот преку влезната точка Иматра е стопиран“, објави финскиот оператор за гас „Гасгрид“.

    Финската државна компанија „Гасум“ вчера кажа дека биле предупредени од „Гаспром“ дека испораките на гас ќе бидат прекинати во шест часот. Најголемиот дел од гасот што се користи во Финска доаѓа од Русија, но гасот опфаќа само 5% од вкупната годишна потрошувачка на енергија.

    Гаспром“ претходно ги суспендираше и испораките во Полска и Бугарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира