РУСИЈА ПРВПАТ ПРИЗНА ДЕКА И ВОЕНИ РЕГРУТИ СЕ БОРАТ ВО УКРАИНА

    РУСИЈА ПРВПАТ ПРИЗНА ДЕКА И ВОЕНИ РЕГРУТИ СЕ БОРАТ ВО УКРАИНАПутин тврди дека во Украина се ангажирани исклучиво професионални војници (Фото: Гети)

    Русија првпат потврди дека и млади воени регрути се вклучени во инвазијата на Украина и дека некои биле заробени од украинските сили. Владимир Путин пред неколку дена тврдеше дека во Украина нема руски регрути и резервисти, туку се ангажирани исклучиво професионални војници.

    Од руското министерство за одбрана кажаа дека откриле регрути во Украина и дека тие веќе биле вратени дома.

    „За жал, откриено е присуство на регрути во единиците на руските вооружени сили кои се вклучени во специјалната воена операција на територијата на Украина. Речиси сите се повлечени во Русија. Сепак, група саботери нападна една од единиците за логистичка поддршка, при што се заробени повеќе војници, меѓу кои и регрути“, изјави портпаролот на министерството Игор Конашенков.

    Путин на 5 март кажа дека нема планови за вклучување регрути во борбите во Украина.

    И британските воени разузнавачи велат дека имаат информации дека Русија користи регрути во Украина „за да надомести за загубите на фронтот“. Според проценките на Пентагон објавени денеска, во досегашниот дел од инвазијата загинале околу 5.000 руски војници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира