РУСИЈА ПРВПАТ ПРИЗНА ДЕКА СИТУАЦИЈАТА ВО ХЕРСОН Е ТЕШКА И СЕ ОЧЕКУВА УКРАИНСКИ НАПАД НА ГРАДОТ

    РУСИЈА ПРВПАТ ПРИЗНА ДЕКА СИТУАЦИЈАТА ВО ХЕРСОН Е ТЕШКА И СЕ ОЧЕКУВА УКРАИНСКИ НАПАД НА ГРАДОТРускиот заповедник Сергеј Суровикин ги повика жителите да се евакуираат (Фото: ЕПА)

    Новиот заповедник на руските сили во Украина, генералот Сергеј Суровикин, призна дека ситуацијата во окупираниот јужен град Херсон е тешка и ги повика жителите да се евакуираат. Суровикин кажа дека украинските трупи ги користат ракетните системи ХИМАРС за да ја гаѓаат цивилната инфраструктура.

    Руската армија ќе ја обезбеди мирната евакуација на населението“, кажа Суровикин, што е ретко признание од високите функционери дека Русија има големи проблеми.

    Еден од проруските лидери во Херсон, Кирил Стремусов, ги предупреди жителите дека „во многу блиска иднина“ украинските сили ќе извршат напад на градот. Тој додаде дека луѓето кои живеат на десниот брег на реката Днепар се во најголем ризик.

    Херсон, кој пред војната имаше 300.000 жители, беше првиот голем град во Украина што Русите го освоија и овој регион е еден од четирите кои Путин ги прогласи за анектирани. Сепак, во изминатите недели, украинските сили забрзано напредуваат и ја имаат поместено линијата на фронтот за 30-ина километри, при што постои опасност руските трупи да бидат отсечени.

    Ситуацијата во целата оваа зона на специјалната воена операција може да се опише како тензична“, изјави Суровикин на руската државна телевизија, додавајќи дека Украинците ги оштетиле клучниот мост „Антонивски“ и хидроцентралата во Каховка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира