РУСИЈА РАЗВИВА ЗАГРИЖУВАЧКО ПРОТИВСАТЕЛИТСКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, ВЕЛАТ САД

    РУСИЈА РАЗВИВА ЗАГРИЖУВАЧКО ПРОТИВСАТЕЛИТСКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, ВЕЛАТ САДОва оружје би било стационирано во вселената и би било вооружено со нуклеарно оружје со цел да напаѓа сателити (Фото: ЕПА)

    Русија развива „загрижувачко ново противсателитско оружје“, велат САД, но додаваат дека тоа сѐ уште не е распоредено. Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби го изјави ова ден откако висок функционер на Републиканците предупреди на „сериозна закана по националната безбедност на САД“.

    Ова оружје би било стационирано во вселената и би било вооружено со нуклеарно оружје со цел да напаѓа сателити, велат американските медиуми. Кирби не ги изнесе деталите за новото оружје.

    Москва го обвини Вашингтон дека ги користи тврдењата за новото оружје како изговор да го притисне Конгресот да ја одобри блокираната помош за Украина од 60 милијарди долари. Кирби кажа дека не постои непосредна закана по американската јавност.

    Не зборуваме за оружје кое би се користело за напади врз луѓето или кое би причинувало физичко уништување овдека на Земјата. Во секој случај, администрацијата на Џо Бајден сериозно го сфаќа развојот на ова оружје“, изјави Кирби.

    Од американската влада досега немаат објавено никакви детали за заканата на која предупреди претседателот на разузнувачкиот комитет во Претставничкиот дом, Мајк Тарнер. Повеќе американски медиуми објавија дека таа се однесува на руско нуклеарно оружје со кое би можеле да се напаѓаат американски сателити во вселената.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира