РУСИЈА САКА ДА ПРЕГОВАРА ЗА УКРАИНА, НО КИЕВ И ЗАПАДОТ ОДБИВААТ, ВЕЛИ ПУТИН

    РУСИЈА САКА ДА ПРЕГОВАРА ЗА УКРАИНА, НО КИЕВ И ЗАПАДОТ ОДБИВААТ, ВЕЛИ ПУТИН„Ние сме подготовени да преговараме со секој кој е вклучен за прифатливи решенија, но зависи од нив, ние сме не сме тие кои одбиваме да преговараме“, изјави Путин. (Фото: АП)

    Русија е подготвена да преговара со сите кои се вклучени во војната со Украина, но Киев и неговите поддржувачи од Западот одбија да се вклучат во разговори, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

    Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари и стана најсмртоносниот конфликт во Европа после Втората светска војна и најголемиот судир меѓу Москва и Западот, после Кубанската ракетна криза во 1962.

    Кремљ соопшти дека ќе се борат сѐ до остварување на нивните цели, додека пак Киев вели дека нема да престанат сѐ додека не го избркаат последниот руски војник од нивната територија.

    „Ние сме подготовени да преговараме со секој кој е вклучен за прифатливи решенија, но зависи од нив, ние сме не сме тие кои одбиваме да преговараме“, изјави Путин во интервју за државната руска телевизија.

    Михаило Подољак, советникот на претстедателот наУкраина, за ова рече дека Путин „треба да се врати во реалноста“. Очигледно е дека Русија „не сака преговори, туку се обидува да избегне одговорност“, напиша Подољак на Твитер.

    Директорот на ЦИА Вилијам Брнс минатиот месец кажа дека иако повеќето конфликти завршуваат со преговарање, оценката на ЦИА е дека Русија сѐ уште не е сериозна за вистински преговори за да ја заврши војната.

    Советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Путин треба да се врати во реалноста и да признае дека Русија е таа која не сака какви било преговори.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира