РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ СО ЕЛИМИНАЦИЈА НА УКРАИНСКИТЕ БОРЦИ ВО МАРИУПОЛ ОТКАКО НЕ СЕ ПРЕДАДОА

    РУСИЈА СЕ ЗАКАНИ СО ЕЛИМИНАЦИЈА НА УКРАИНСКИТЕ БОРЦИ ВО МАРИУПОЛ ОТКАКО НЕ СЕ ПРЕДАДОАРуски војници патролираат на улиците на Мариупол (Фото: АП)

    Руското министерство за одбрана се закани со елиминација на преостанатите украински борци во опколениот Мариупол откако потврди дека тие не го испочитувале ултиматумот да го положат оружјето и да се предадат. Руската влада ноќеска соопшти дека „украинските војници и странските платеници имаат рок да се предадат до 12 часот“.

    „Сепак, киевскиот националистички режим забранил преговори за предавање. Во случај на натамошен отпор, сите ќе бидат елиминирани“, кажаа од министерството.

    Москва вели дека добила информации од претходно предадените украински војници дека во челичарницата „Азовстал“ има околу 400 странски платеници, најмногу од Европа и Канада. Не е познат точниот број украински борци кои продолжуваат да даваат отпор во Мариупол, додека Москва проценува дека ги има уште 2.500.

    Претседателот Володимир Зеленски вчера кажа дека мировните преговори ќе бидат прекинати доколку украинските борци во Мариупол бидат елиминирани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира