РУСИЈА УШТЕ ЕДНАШ ЦЕЛОСНО ГО ЗАТВОРИ ГАСОВОДОТ СЕВЕРЕН ТЕК 1 КОН ЕВРОПА

    РУСИЈА УШТЕ ЕДНАШ ЦЕЛОСНО ГО ЗАТВОРИ ГАСОВОДОТ СЕВЕРЕН ТЕК 1 КОН ЕВРОПА„Газпром“ кажа дека рестрикциите ќе траат три дена (Фото: Гети)

    Русија уште еднаш целосно ја прекина испораката на гас кон Европа, тврдејќи дека се потребни поправи на гасоводот Северен тек 1. „Газпром“ кажа дека рестрикциите ќе траат три дена.

    Русија веќе значително го намали количеството гас што го испорачува преку овој гасовод, но ги отфрли обвинувањата дека на овој начин ги казнува западните земји за нивните санкции поради инвазијата на Украина.

    Северен тек 1 се протега 1.200 километри под Балтичкото Море и ги поврзува рускиот брег близу Санкт Петербург и североисточна Германија. Отворен во 2011, преку него максимално можат да се испраќаат 170 милиони кубни метри гас на ден.

    Гасоводот беше затворен на десет дена и во јуни, наводно исто така заради одржување и моментално работи само со 20% од својот капацитет. Европските лидери стравуваат дека Русија би можела да го продолжи прекинот во обид да ги зголеми цените на гасот, кои веќе пораснаа за 400%.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, уште еднаш ги отфрли западните обвинувања дека Русија ја користи енергијата како оружје, додавајќи дека западните санкции ја оштетиле руската инфраструктура, поради што се случуваат вакви прекини. Германскиот министер за економија Роберт Хабек тврди дека гасоводот е целосно оперативен и дека не постојат технички проблеми за кои зборува Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира