РУСИЈА ВЕЌЕ НЕ ГО КОНТРОЛИРА ЦЕЛИОТ ЛУГАНСК ОТКАКО УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СТИГНАЛЕ ДО ЛИСИЧАНСК

    РУСИЈА ВЕЌЕ НЕ ГО КОНТРОЛИРА ЦЕЛИОТ ЛУГАНСК ОТКАКО УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СТИГНАЛЕ ДО ЛИСИЧАНСКУкраинската војска објави снимка од влегувањето во Билохоривка близу Лисичанск (Фото: Телеграм)

    Украина кажа дека нејзините трупи напредувале дополнително кон исток, заземајќи територии напуштени од руските сили, додека сепаратистичкиот лидер Денис Пушилин повика итно да се организира референдум за припојување на Доњецк и Луганск кон Русија.

    Украинската војска ослободи село во предградието на Лисичанск и оваа мала и симболична победа значи дека Русија веќе не го контролира целиот регион Луганск, една од главните цели на нејзината воена кампања.

    Украинските вооружени сили целосно ја контролираат Билохоривка. Тоа е предградие на Лисичанск, на 10 километри од градот. Чекор по лекор, сантиметар по сантиметар, ќе ја ослободиме целата земја од окупаторите“, изјави гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај.

    Руските сили го окупираа целиот Луганск во изминатите два и пол месеци, откако по долга битка ги освоија градовите Северодоњецк и Лисичанск. Украинските сили ја продолжуваат својата противофанзива кон Луганск откако ги избркаа Русите од целиот североисточен регион Харкив и притоа ослободија повеќе од 300 населени места, сè до границата со Русија.

    Пушилин, кој е лидер на самопрогласената Народна Република Доњецк, го повика својот колега од Луганск, Леонид Пасечник, да ги здружат силите за итно организирање референдуми за присоединување кон Русија.

    Нашите акции треба да бидат синхронизирани“, му порача Пушилин на Пасечник преку Телеграм.

    Според американскиот Институт за воени истражувања, Русија не успева да испрати засилувања во Украина и сега е ранлива и под притисок.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира