РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА НАПАДИТЕ ВРЗ КИЕВ УНИШТИЛЕ ТЕНКОВИ ПОДАРЕНИ ОД ЗАПАДОТ

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА НАПАДИТЕ ВРЗ КИЕВ УНИШТИЛЕ ТЕНКОВИ ПОДАРЕНИ ОД ЗАПАДОТСе крева чад од погодените објекти во денешните руските ракетни напади во Киев. (Фото: АП)

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека денешните воздушни напади врз главниот град на Украина уништиле тенкови донирани од Западот и други оклопни возила. Овие напади го прекинаа петнеделниот морничав мир во Киев.

    Руските сили изутринава нападнаа железнички објекти и друга инфраструктура рано во Киев. Операторот на нуклеарната централа на Украина, Енергоатом, рече дека една крстосувачка ракета за малку не ја погодила нуклеарната централа Пивденноукраинск, на околу 350 километри на југ на пат кон главниот град, укажувајќи на опасностите од таквото блиско промашување. Енергоатом соопшти дека проектилот „летал критично ниско“ и дека руските сили „сè уште не разбираат дека дури и најмал фрагмент од проектил што може да погоди работна енергетска единица може да предизвика нуклеарна катастрофа и истекување на радијација“.

    Од Украина нема непосредна потврда дека руските воздушни напади уништиле тенкови.

    Се чини дека нападите се со цел да го спречат снабдувањето на украинските борци, за што расте загриженоста во Москва. Во објава на апликацијата Телеграм, руското Министерство за одбрана соопшти дека биле користени ракети со висока прецизност и со долг дострел од воздух. Се наведува дека во нападите на периферијата на Киев биле уништени тенковите Т-72 испорачани од источноевропските земји и други оклопни возила лоцирани во згради на сервиси за поправка на автомобили.

    Руските крстосувачки проектили биле лансирани од бомбардер „ту-95“ кој летал над Каспиското Море, соопшти украинската команда на воздухопловните сили и рече дека единиците за воздушна одбрана собориле еден проектил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира