РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА СОБОРИЛА 42 УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАД КРИМ

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА СОБОРИЛА 42 УКРАИНСКИ ДРОНОВИ НАД КРИМУкраинските напади со дронови во Крим станаа сè почести, а Украина неделава со дронови напаѓаше и воени аеродроми ширум Русија. (Фото: Киев Пост)

    Руското министерство за одбрана соопшти дека ноќеска одбила обид на Украина да го нападне Крим со 42 дронови. Девет дронови биле уништени, а 33 се урнале без да стигнат до целта, велат од руските власти.

    Ноќеска имаше и затворени руски аеродроми, но Москва не кажува детали.

    Рускиот гувернер на Крим Михаил Развожајев кажа дека нема оштетена цивилна инфраструктура во нападот на украинските дронови и дека областа е подготвена за нови напади.

    Украинските напади со дронови во Крим станаа сè почести, а Украина неделава со дронови напаѓаше и воени аеродроми ширум Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира