РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА СТРАНСКИТЕ СИЛИ ПОТТИКНУВААТ ПРОТЕСТИ ВО ГРУЗИЈА И ПРЕДУПРЕДИ НА МОЖНИ ПРОВОКАЦИИ

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА СТРАНСКИТЕ СИЛИ ПОТТИКНУВААТ ПРОТЕСТИ ВО ГРУЗИЈА И ПРЕДУПРЕДИ НА МОЖНИ ПРОВОКАЦИИВо Тбилиси неколку дена се протестираше против предлог-законот за странски агенти (Фото: ЕПА)

    Москва ги обвини странските земји за поттикнување масовни протести во Грузија, споредувајќи ги со обид за државен удар, што треба да создаде тензии на руската граница. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека неколкудневните демонстрации во Тбилиси го потсетиле на украинското востание со кое беше соборена проруската влада во Киев во 2014.

    Стотици Грузијци продолжуваат да се собираат пред парламентот во знак на поддршка на проевропската иднина на земјата, откако пратениците го повлекоа контроверзниот предлог-закон за странски агенти, со кој ќе се ограничеше работата на невладините организации и слободата на изразувањето.

    Русија ја нападна Грузија во 2008 и ги призна сепаратистичките територии Јужна Осетија и Абхазија, каде што стационираше и свои сили. Кремљ изрази загриженост од можни провокации во овие две области и кажа дека будно ја набљудува ситуацијата.

    Јужна Осетија и Абхазија се наоѓаат во северозападниот дел на Грузија и долго време се извор на тензии и конфликти во кавкаскиот регион. Во 2008, Грузија се обиде да преземе контрола врз Јужна Осетија, на што Русија одговори со воена интервенција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира