РУСИЈА ЗАСЕГА НЕМА ДА ЗАПРЕ СО ИСПОРАКИТЕ НА ГАСОТ ВО ЕВРОПА

    РУСИЈА ЗАСЕГА НЕМА ДА ЗАПРЕ СО ИСПОРАКИТЕ НА ГАСОТ ВО ЕВРОПАПутин сака да ги принуди европските земји да плаќаат за гасот во рубли (Фото: Гети)

    Русија кажа дека засега нема да запре со испораката на гасот во Европа откако Владимир Путин вчера потпиша декрет со кој се бара плаќањата да бидат во рубли. Тој притоа кажа дека купувачите мора да отворат сметка во рубли во руските банки, во спротивно, постоечките договори ќе бидат стопирани од денеска.

    Кремљ соопшти дека декретот нема да ги погоди испораките кои се веќе платени, а плаќањата за испораки по 1 април доспеваат најрано во средината на месецот.

    „Дали тоа значи дека ако нема потврда за уплата во рубли снабдувањето со гасот ќе биде прекинато на 1 април? Не и такво нешто не произлегува од декретот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Брисел вели дека разговара со енергетските компании за тоа како да се плаќа за гасот.

    Природниот гас е најмоќната алатка на Путин откако Русија се најде под силни западни санкции поради инвазијата на Украина. За разлика од САД и Канада, санкциите на ЕУ не се однесуваат на руските нафта и гас, бидејќи бројни членки се зависни од нив. ЕУ добива 40% од гасот и една третина од нафтата од Русија, а плаќањата се вршат главно во евра и долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира