РУСИН СПАСЕН ПО 67 ДЕНА ПЛУТАЊЕ ВО БРОТЧЕ ПО ОХОТСКОТО МОРЕ, ДВАЈЦАТА СОПАТНИЦИ ПОЧИНАЛЕ

    РУСИН СПАСЕН ПО 67 ДЕНА ПЛУТАЊЕ ВО БРОТЧЕ ПО ОХОТСКОТО МОРЕ, ДВАЈЦАТА СОПАТНИЦИ ПОЧИНАЛЕПреживеаниот 46-годишник бил во тешка состојба откако изгубил речиси половина од својата тежина (Фото: АП)

    Руските власти кажаа дека спасиле маж чиј мал брод плутал 67 дена во водите на работ на северозападниот Пацифик, но неговите брат и внук починале за време на патешествието.

    На 14 октомври беше пронајдено пловило во водите на Охотското Море. Двајца луѓе починаа, еден преживеа и тој прима лекарска помош“, соопштија властите на рускиот Далечен Исток.

    Чамецот со мажот и двете тела конечно бил забележан од рибари покрај брегот на полуостровот Камчатка. Преживеаниот 46-годишник бил во тешка состојба откако изгубил речиси половина од својата тежина.

    Според руски канали на Телеграм, бротчето било лоцирано 1.000 километри од својата првична дестинација.

    Руските власти кажаа дека двајца мажи и 15-годишниот син на еден од нив тргнале на 9 август и требале да одат кон градот Оха на островот Сахалин. По некое време бил изгубен контактот со нив и оттогаш не се знаеше каде се.

    Откако бротчето исчезнало, била покрената потрага, која траела еден месец, но не дала резултати. Руските медиуми објавија дека тие располагале со мало количество храна и 20 литри вода кога моторот им откажал.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира