РУСИТЕ ГО ОСВОИЈА ХЕРСОН, МИЛИОН УКРАИНЦИ ИЗБЕГАЛЕ ОД ЗЕМЈАТА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

    РУСИТЕ ГО ОСВОИЈА ХЕРСОН, МИЛИОН УКРАИНЦИ ИЗБЕГАЛЕ ОД ЗЕМЈАТА ЗА ЕДНА НЕДЕЛАОН предупреди дека Украина итно треба хуманитарна помош (Фото: АП)

    Неколку моќни експлозии се слушнаа утрово во Киев, додека Херсон стана првиот регионален главен град што Русите го освоија од почетокот на инвазијата на Украина минатиот четврток. Оттогаш, еден милион луѓе избегаа од Украина.

    „Во само седум дена сведочевме на егзодус на еден милион бегалци од Украина во соседните држави. На милиони други кои се во земјата итно треба да им се обезбеди хуманитарна помош“, изјави шефот на УНХЦР, Филипо Гранди.

    Во последното видеообраќање, претседателот Володимир Зеленски ги повика Украинците да продолжат со отпорот, а руските војници ги опиша како збунети деца кои се искористени.

    Најмалку четири силни експлозии се слушнаа ноќеска во Киев, но непознато е кои биле целите и дали има жртви.

    Градоначалникот на Херсон, Игор Колихаев, потврди дека овој црноморски град сега е под контрола на руските сили. Тој кажа дека тие влегле во зградата на локалната власт и воведе полициски час за жителите.

    „Во градот веќе нема украински сили“, кажа Колихаев и ги повика руските војници да не пукаат во цивилите.

    Другиот важен пристаништен град Мариупол, кој вчера бил бомбардиран цел ден, и натаму е во рацете на Украинците, тврди војската. Ако Русите го заземат, тоа ќе ги здружи нивните сили од југот и истокот.

    „Руските сили и натаму неуспешно се обидуваат да напредуваат од сите насоки“, соопшти украинската војска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира