Српската национална авиокомпанија „Ер Србија“ ги удвои директните летови на линијата Москва-Белград на 15 неделно за да се справи со рапидно зголемената побарувачка откако ЕУ го затвори небото за руските авиони по руската инвазија на Украина. Русија, исто така, го затвори небото за авиони од ЕУ.
Србија не е членка на ЕУ и одби да се приклучи на санкциите кон Русија, но нејзините авиони се слободни да летаат во ЕУ. Ова ја направи Србија единствениот европски воздушен коридор отворен за Русија, според компанијата за анализи на патувањата „Форвардкис“.
„Она што е забележително е брзината со која Србија стана порта за патување меѓу Русија и Европа“, вели Оливер Понти, потпретседател на „Фордвардкис“.
Русите кои долетуваат во Србија потоа најчесто продолжуваат за Кипар, Франција, Швајцарија и Италија. Русите, исто така, патуваат за Велика Британија, Словенија, Австрија, Германија и Шпанија.
За денешниот лет Москва-Белград имаше останато само две слободни седишта, по цена од 500 евра.