РУСИТЕ ЈА КОРИСТАТ „ЕР СРБИЈА“ ДА ЈА ИЗБЕГНАТ ЗАБРАНАТА ЗА ЛЕТОВИ НА ЕУ

    РУСИТЕ ЈА КОРИСТАТ „ЕР СРБИЈА“ ДА ЈА ИЗБЕГНАТ ЗАБРАНАТА ЗА ЛЕТОВИ НА ЕУРусите кои долетуваат во Србија потоа најчесто продолжуваат за Кипар, Франција, Швајцарија и Италија. (Фото: Ер Србија)

    Српската национална авиокомпанија „Ер Србија“ ги удвои директните летови на линијата Москва-Белград на 15 неделно за да се справи со рапидно зголемената побарувачка откако ЕУ го затвори небото за руските авиони по руската инвазија на Украина. Русија, исто така, го затвори небото за авиони од ЕУ.

    Србија не е членка на ЕУ и одби да се приклучи на санкциите кон Русија, но нејзините авиони се слободни да летаат во ЕУ. Ова ја направи Србија единствениот европски воздушен коридор отворен за Русија, според компанијата за анализи на патувањата „Форвардкис“.

    „Она што е забележително е брзината со која Србија стана порта за патување меѓу Русија и Европа“, вели Оливер Понти, потпретседател на „Фордвардкис“.

    Русите кои долетуваат во Србија потоа најчесто продолжуваат за Кипар, Франција, Швајцарија и Италија. Русите, исто така, патуваат за Велика Британија, Словенија, Австрија, Германија и Шпанија.

    За денешниот лет Москва-Белград имаше останато само две слободни седишта, по цена од 500 евра.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира