РУСИЈА ПРОГЛАСИ ЦЕЛОСНО ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛУГАНСК

    РУСИЈА ПРОГЛАСИ ЦЕЛОСНО ОСВОЈУВАЊЕ НА ЛУГАНСКМосква тврди дека и Лисичанск е под контрола на руските сили (Фото: Гети)

    Руските и сепаратистичките сили целосно го контролираат Лисичанск, објави руското министерство за одбрана. Ова следува откако Москва утрово кажа дека градот е опколен и во него се водат борби.

    Министерот за одбрана го информираше претседателот Владимир Путин дека целиот регион Луганск сега е ослободен“, објави министерството.

    Освојувањето на Луганск и Доњецк, двата региона кои го сочинуваат Донбас, стана главниот фокус на инвазијата на Украина, откако руските сили се повлекоа од Киев и северот на земјата.

    Во изминатите недели, офанзивата беше насочена кон соседните градови Северодоњецк и Лисичанск, кои беа последните упоришта на украинските сили во Луганск. Русите исто така контролираат половина од Доњецк.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира