РУСИТЕ ЦЕЛОСНО ГО ОТСЕКЛЕ СЕВЕРОДОЊЕЦК ОТКАКО ГО УНИШТИЛЕ И ТРЕТИОТ МОСТ КОН ГРАДОТ

    РУСИТЕ ЦЕЛОСНО ГО ОТСЕКЛЕ СЕВЕРОДОЊЕЦК ОТКАКО ГО УНИШТИЛЕ И ТРЕТИОТ МОСТ КОН ГРАДОТПрвиот мост што го поврзува Северодоњецк со Лисичанск беше уништен минатиот месец (Фото: Гети)

    Северодоњецк е целосно отсечен од остатокот на светот бидејќи се уништени сите три моста преку реката Сиверски Доњец, објави гувернерот на Луганск, Серхиј Гајдај.

    Тој вели дека руските сили и натаму не го контролираат целиот град, но уништени се сите три моста кои го поврзуваат со соседниот град Лисичанск, со што се оневозможени евакуацијата и транспортот на намирници.

    И третиот мост беше уништен денеска. Жителите кои се останати во градот живеат во екстремно тешки услови, додека Русите константно го бомбардираат“, кажа Гајдај.

    Лидерот на самопрогласената Народна Република Луганск, Едуард Басурин, порача дека преостанатите украински сили во градот имаат само две опции: да се предадат или да умрат.

    Други опции немаат“, кажа Басурин.

    Северодоњецк и Лисичанск се последните две упоришта на украинските сили во регионот Луганск. Тие се сместени покрај стратешката река Сиверски Доњец, додека клучниот, 90-километарски централен сектор од руската линија на фронтот лежи западно од реката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира