РУСКАТА ИНВАЗИЈА ЗАБАВИ, НАИДОА НА ПОГОЛЕМ ОТПОР ОД УКРАИНА ОТКОЛКУ ШТО ОЧЕКУВАА, ВЕЛИ ФУНКЦИОНЕР НА ПЕНТАГОН

    РУСКАТА ИНВАЗИЈА ЗАБАВИ, НАИДОА НА ПОГОЛЕМ ОТПОР ОД УКРАИНА ОТКОЛКУ ШТО ОЧЕКУВАА, ВЕЛИ ФУНКЦИОНЕР НА ПЕНТАГОНУништен руски оклопен транспортер во Суми, Украина. (Фото: Твитер)

    Обидот на Русија брзо да ја презеде контролата врз Украина забави по силниот отпор на украинската војска на земја и во воздух, вели функционер од Пентагон за „Њујорк Тајмс“.

    „Нивниот пробив, посебно во врска со Киев, забави во последните 24 часа“, кажа функционерот.

    Руските сили, кои навлегоа во Украина рано утрината во четвртокот, сè уште не зазеле поголем град, ниту обезбедија контрола на небото, вели тој.

    „Тие не го остварија напредокот што ние веруваме дека тие го предвидуваа. Добар индикатор е што не е заземен ниту еден поголем град“, тврди функционерот, кој сакаше да остане анонимен.

    Пентагон верува дека Москва сака да го заземе Киев и да инсталира свои сојузници на власт на местото на сегашната прозападна влада.

    „Се соочуваат со посилен отпор отколку што очекуваа. Имаме индикации дека не им оди баш така како што очекуваа“, вели функционерот.

    Но, Пентагон е загрижен дека моќната руска армија, со големи резерви кои сè уште чекаат на украинската граница, може да го освои Киев за неколку дена.

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира