РУСКАТА РАКЕТА „СОЈУЗ 2.1В“ ПОЛЕТА НА МЕСЕЧИНАТА ВО ОБИД ДА НАЈДЕ ВОДА

    РУСКАТА РАКЕТА „СОЈУЗ 2.1В“ ПОЛЕТА НА МЕСЕЧИНАТА ВО ОБИД ДА НАЈДЕ ВОДАСе очекува сондата да слета на Месечината на 21 август. (Фото: ЕПА)

    По 47 години, Русија го лансираше своето прво вселенско летало за слетување на Месечината, обидувајќи се да биде првата земја ќе направи слетување на јужниот пол на Месечината, регион за кој се верува дека содржи „ џебови“ со воден мраз. Руската лунарна мисија, прва после 1976 , се трка со Индија, која минатиот месец ја лансираше својата лунарна сонда „Чандрајаан-3“ , како и со пошироко со САД и Кина, земји кои имаат напредни програми за истражување насочени кон јужниот пол на Месечината.

    Ракетата „Сојуз 2.1в“ што ја носеше сондата „Луна-25“ полета од космодромот „Восточни“, на 5.550 километри источно од Москва, во 02:11 часот по московско време. Се очекува сондата да слета на Месечината на 21 август, изјави за Интерфакс шефот на рускиот вселенски простор Јуриј Борисов.

    „Сега ќе го чекаме 21. Се надевам дека ќе се случи многу прецизно меко слетување на Месечината“, изјави Борисов по лансирањето.

    Со векови, астрономите го поставуваат прашањето за водата на Месечината којашто е 100 пати посува од пустината Сахара. Мапите на НАСА во 2018 година покажаа воден мраз во засенетите делови на Месечината, сокриени од Сонцето. Во 2020 година, НАСА го потврди постоењето на вода во областите изложени на сончевата светлина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира