РУСКАТА „СПЕЦИЈАЛНА ОПЕРАЦИЈА“ ВО УКРАИНА ЌЕ ЗАВРШИ ВО ДОГЛЕДНО ВРЕМЕ ОТИ СЕ ПОСТИГНАТИ ЦЕЛИТЕ, ВЕЛИ КРЕМЉ

    РУСКАТА „СПЕЦИЈАЛНА ОПЕРАЦИЈА“ ВО УКРАИНА ЌЕ ЗАВРШИ ВО ДОГЛЕДНО ВРЕМЕ ОТИ СЕ ПОСТИГНАТИ ЦЕЛИТЕ, ВЕЛИ КРЕМЉНад 30 луѓе загинаа, а повеќе од 100 се повредени во руски ракетен напад на железничка станица во источна Украина, додека цивилите се обидуваа да заминат во побезбедни делови од земјата. (Фото: АП)

    Кремљ денеска кажа дека, руската „специјална операција“ во Украина, како што ја нарекува агресијата врз Украина, би можела да заврши во „догледна иднина“, бидејќи нејзините цели се постигнуваат и работата ја завршуваат и руската војска и руските мировни преговарачи.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така рече дека Москва разбира оти некои земји кои се обиделе да заземат балансирана позиција биле подложени на притисок за вчера да гласаат за суспендирање на Русија од Советот за човекови права на ОН.

    Генералното собрание на ОН вчера ја суспендираше Русија од Советот поради извештаите за „грубо и систематско кршење и кршење на човековите права“ во Украина, поради што Москва објави дека се повлекува од ова тело.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира