РУСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА РТ ГО СУСПЕНДИРАШЕ ВОДИТЕЛОТ КОЈ КАЖА ДЕКА УКРАИНСКИТЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА СЕ ЗАПАЛАТ

    РУСКАТА ТЕЛЕВИЗИЈА РТ ГО СУСПЕНДИРАШЕ ВОДИТЕЛОТ КОЈ КАЖА ДЕКА УКРАИНСКИТЕ ДЕЦА ТРЕБА ДА СЕ ЗАПАЛАТКоментарите на Антон Красовски беа осудени како одвратни (Фото: РФЕ)

    Руската државна телевизија РТ го суспендираше еден од своите најпознати водители Антон Красовски откако тој повика да се палат и дават украински деца. Неговите изјави беа жестоко критикувани на социјалните мрежи, по што се извини.

    Красовски реагираше на изјавата на рускиот писател Сергеј Лукјаненко, кој кажа дека во 1980 во западна Украина слушнал деца како велат дека Украина е окупирана од московјани. Красовски на тоа возврати дека тие деца треба да се удават.

    „Или може да се затворат во колиби и да се запалат“, додаде Красовски.

    Тој исто така се шегуваше дека руски војници силуваат украински баби. Уредничката на РТ, Маргарита Симоњан, ги осуди неговите коментари како луди и одвратни.

    Украина веќе ја обвини оваа телевизија дека поттикнува геноцид во Украина. РТ им даде голем простор на коментаторите и водителите кои силно ја поддржуваат руската инвазија на Украина и повикуваше на уште поголема агресија.

    „Ете, се случи. Во живо сте, ќе ве понесе и не можете да запрете“, кажа Красовски во своето извинување, додавајќи дека е засрамен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира