РУСКАТА ВОЈСКА ИМА МЕЃУ 70.000 И 80.000 ЗАГИНАТИ И РАНЕТИ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ ПЕНТАГОН

    РУСКАТА ВОЈСКА ИМА МЕЃУ 70.000 И 80.000 ЗАГИНАТИ И РАНЕТИ ВО УКРАИНА, ВЕЛИ ПЕНТАГОНРусија досега изгубила и до 4.000 оклопни возила (Фото: Гети)

    Руската војска има меѓу 70.000 и 80.000 жртви од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, што вклучува и загинати и ранети, објави Пентагон.

    „Русите трпат огромни загуби. Може слободно да се каже дека вкупната бројка загинати и ранети за шест месеци изнесува меѓу 70.000 и 80.000. Ова се исклучителни бројки, имајќи предвид дека Русите немаат остварено ниедна од целите на Путин поставени на почетокот на војната“, изјави Колин Кал, потсекретарот за политика во Пентагон.

    Ова се повисоки бројки од претходните американски проценки. Директорот на ЦИА, Вилијам Брнз, минатиот месец процени дека досега загинале 15.000 руски војници, а тројно повеќе се ранети.

    „Разузнавачките проценки за жртвите на бојното поле секогаш имаат распон. Никогаш нема совршена бројка“, кажа Брнз.

    Кал призна дека и Украина има значителни загуби, без да изнезе бројки.

    „Двете страни имаат големи загуби. Оваа војна е најинтензивниот конвенционален конфликт во Европа од Втората светска војна“, вели Кал.

    Тој додаде дека руската војска изгубила и 3.000-4.000 оклопни возила, што доста се должи на проектилите што Украина ги доби од САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира