РУСКАТА ВОЈСКА СО НОВА СЕРИЈА НАПАДИ СО ХИПЕРСОНИЧНИ РАКЕТИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ ВО УКРАИНА

    РУСКАТА ВОЈСКА СО НОВА СЕРИЈА НАПАДИ СО ХИПЕРСОНИЧНИ РАКЕТИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ ВО УКРАИНАОва е втор ден по ред Русија да користи „кинжал“, оружје што може погоди цели оддалечени 2.000 километри со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот. (Фото: АП)

    Руската војска соопшти дека извршила нова серија напади врз објекти на украинската војска со хиперсонични и крстосувачки ракети со долг дострел. Портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков, денеска изјави дека хиперсонична ракета „кинжал“ погодила украинско складиште за гориво во Костијантинивка во близина на црноморското пристаниште Миколајив. Ова е втор ден по ред Русија да користи „кинжал“, оружје што може погоди цели оддалечени 2.000 километри со брзина 10 пати поголема од брзината на звукот.

    Вчера, руската војска соопшти дека „кинжал“ за првпат бил употребен во борба за уништување на складиште за муниција во Дилијатин на Карпатите во западна Украина.

    Конашенков истакна дека во нападот врз складиштето за гориво во Костијантинивка имало и крстосувачките ракети „калибр“, лансирани од руски воени бродови од Каспиското Море. Тој рече дека ракетите „калибр“ лансирани од Црното Море биле користени за уништување на фабрика за поправка на оклопи во Нижин во регионот Чернихив во северна Украина. Конашенков додаде дека уште еден напад со ракети погодил украински објект во Овруч во северниот регион Житомир, каде што биле сместени странските борци и украинските специјални сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира