РУСКИ АВИОН СО АРМИСКИОТ ХОР СЕ УРНА НА ПАТ ЗА СИРИЈА, НЕМА ИЗВЕШТАИ ЗА ПРЕЖИВЕАНИ

a:1:{s:9:"td_source";s:35:"Сочи,(разниизвори)

    РУСКИ АВИОН СО АРМИСКИОТ ХОР СЕ УРНА НА ПАТ ЗА СИРИЈА, НЕМА ИЗВЕШТАИ ЗА ПРЕЖИВЕАНИ

    Руски воен авион се урна утрово во Црното море на пат за Сирија со 92 патници и екипаж, вклучувајќи музичари кои требаше да ја прослават Новата година со војниците. Локалните новински агенции, цитирајќи го Министерството за одбрана, јавија дека авионот Ту-154 се урнал набрзо по полетување од јужниот град Адлер, јужно од познатото одморалиште Сочи во 5.40 часот по локално време.

    Авионот бил на рутински лет до руската база Хмеимим близу сирискиот град Латакија, соопшти руското Министерство за одбрана.

    „Делови од авионот Ту-154 на руското Министерство за одбрана беа пронајдени на 1,5 километри од брегот на Црното море кај градот Сочи на длабочина од 50-70 метри“, велат од Министерството.

    Откриено е и едно тело, а засега нема извештаи за преживеани во несреќата.

    Меѓу 84-цата патници беа руски војници, како и членови на Ансамблот Александров, официјалната музичка група на армијата, меѓународно позната како Хорот на Црвената армија, кои тргнаа за Сирија да учествуваат во новогодишната прослава во базата. Во авионот беа и осум членови на екипажот, соопшти Министерството.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира