Руски брод испалил сигнални ракети кон дански воен хеликоптер покрај јужниот брег на Данска, предизвикувајќи тревога во Копенхаген.
„Руската фрегата испали две ракети кон хеликоптерот. Една од нив помина на кратко растојание од хеликоптерот“, објавија данските вооружени сили.
Европските земји ја обвинуваат Москва дека води хибридна војна за дестабилизација на континентот, додека истовремено продолжува со својата целосна инвазија на Украина.
Данската влада го повика рускиот амбасадор поради инцидентот, за кој рече дека се случил за време на рутинска операција на следење. Премиерката Мете Фредериксен ја опиша руската акција како неодговорна и додаде дека имала за цел да заплаши и подели.
„Тоа е дел од моделот што го гледаме низ цела Европа. Сè поагресивната и понаметлива Русија ја интензивираше хибридната војна против Европа и тоа го тестира и предизвикува НАТО. Русија сака да заплаши и да посее раздор. Нашиот одговор е да се зближиме и да ја зајакнеме одбраната на Данска и Европа“, кажа Фредериксен.



