РУСКИ ИЗМАМНИК КОЈ ГО ИМИТИРАШЕ МАКРОН МУ СЕ ЈАВИ НА ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДА ПО ПАДОТ НА РАКЕТА ВО ПОЛСКОТО СЕЛО

    РУСКИ ИЗМАМНИК КОЈ ГО ИМИТИРАШЕ МАКРОН МУ СЕ ЈАВИ НА ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДА ПО ПАДОТ НА РАКЕТА ВО ПОЛСКОТО СЕЛОПознатите руски измамници Вован и Лексус тврдат дека тие му се јавиле на Дуда (Фото: ЕПА)

    Полскиот претседател Анджеј Дуда бил насамарен од измамник кој му се јавил и се претставил како Емануел Макрон во ноќта кога проектил падна во село близу украинската граница, при што загинаа двајца цивили. Неговиот кабинет го потврди повикот откако двајца познати руски шегаџии објавија снимка на која го прашуваат Дуда што мисли кој е одговорен за нападот.

    При разговорот, Дуда рекол дека е крајно претпазлив зашто сака да избегне војна со Русија.

    Инцидентот во полското село Пжеводов се случи на 15 ноември за време на жестокиот руски ракетен напад на Украина. НАТО и САД следниот ден заклучија дека во селото најверојатно паднал проектил од украинската противвоздушна одбрана, што Киев продолжи да го негира.

    Познатите руски измамници Вован и Лексус тврдат дека тие му се јавиле на Дуда набргу по инцидентот.

    „За време на повикот, претседателот Дуда сфати од невообичаениот начин на кој соговорникот го водел разговорот дека можеби станува збор за обид за измама и го завршил разговорот“, кажаа од неговиот кабинет.

    Лажниот Макрон прво зборува со француски, а потоа со руски акцент. Тој го прашува Дуда дали Џо Бајден смета дека Русија е одговорна за нападот, на што му одговори со „Не“. Потоа го прашува Дуда дали тој смета дека Русија е одговорна.

    „Дали сметате дека сакам војна со Русија? Верувајте ми, не сакам и затоа сум крајно претпазлив“’, вели Дуда, кој го прекинал разговорот откако почнале да го прашуваат за Зеленски.

    Вован и Лексус се прославија со измами на јавни личности и политичари, особено на противниците на Кремљ. Пред три години, тие му се јавија и на Макрон, преправајќи се како Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира