РУСКИ ВОЈНИК ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР НА ПРВОТО СУДЕЊЕ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО УКРАИНА

    РУСКИ ВОЈНИК ДОБИ ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР НА ПРВОТО СУДЕЊЕ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО УКРАИНАВадим Шишимарин е осуден за убиството на 62-годишен цивил на 28 февруари (Фото: ЕПА)

    Украинскиот суд осуди руски војник на доживотен затвор на првото судење за воени злосторства од почетокот на руската инвазија. Дваесет и едногодишниот Вадим Шишимарин е осуден за убиството на 62-годишен цивил во североисточното село Чупахивка на 28 февруари.

    Тој призна дека го убил Олександр Шелипов, но кажа дека извршувал наредба и побара прошка од неговата вдовица.

    Русија негира дека нејзините сили напаѓаат цивилни цели, додека Киев кажа дека документирал повеќе од 11.000 случаи на можни руски воени злосторства. Судењето во Киев беше сфатено како шанса да се докаже дека руски војник убил цивил спротивно на правилата на војната.

    Кремљ соопшти дека не е информиран за случајот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира