РУСКИ ВОЈНИК ПРИЗНА ДЕКА УБИЛ ЦИВИЛ НА ПРВОТО СУДЕЊЕ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО УКРАИНА

    РУСКИ ВОЈНИК ПРИЗНА ДЕКА УБИЛ ЦИВИЛ НА ПРВОТО СУДЕЊЕ ЗА ВОЕНИ ЗЛОСТОРСТВА ВО УКРАИНАВадим Шисимарин се соочува со доживотен затвор (Фото: АП)

    Руски војник призна дека убил цивил на велосипед, на првото судење за воени злосторства извршени во Украина од почетокот на руската инвазија. Дваесет и едногодишниот Вадим Шисимарин застрелал 62-годишник во североисточниот регион Суми во февруари, во првите денови од инвазијата.

    Тој кажа дека неговиот заповедник му наредил да го убие мажот зашто можел да ги открие позициите на руската војска. На судењето треба да сведочат и сопругата на жртвата и друг руски војник кој бил со Шисимарин во автомобилот кога се случило пукањето, пред да биде изречена пресудата. Шисимарин се соочува со доживотен затвор.

    Кремљ претходно соопшти дека не е запознат со случајот.

    Украинските власти досега идентификувале над 10.000 можни случаи на воено злосторство извршени од руските сили.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира