РУСКИ ВОЈНИЦИ ГО СПРОВЕДУВААТ ГЛАСАЊЕТО НА РЕФЕРЕНДУМИТЕ ЗА АНЕКСИЈА, ИЗЛЕЗНОСТА НАД 15% ПРВИОТ ДЕН

    РУСКИ ВОЈНИЦИ ГО СПРОВЕДУВААТ ГЛАСАЊЕТО НА РЕФЕРЕНДУМИТЕ ЗА АНЕКСИЈА, ИЗЛЕЗНОСТА НАД 15% ПРВИОТ ДЕНПрипадник на милицијата на НР Луганск гласа на гласачко место во градот Луганск (Фото: АП)

    Вооружени војници одат од врата до врата во окупираните украински региони за да собираат гласови на таканаречените референдуми за припојување кон Русија, кои почнаа вчера. Руските државни медиуми објавија дека ваков начин на гласање е неопходен заради безбедноста.

    Лично гласање ќе има само на 27 септември. Во другите денови, гласањето ќе се организира во заедниците, во стилот од врата до врата“, објави новинската агенција ТАСС.

    Украинските власти кажаа дека на луѓето им се забранува да напуштат некои окупирани области, вооружени групи влегуваат во домови, а работниците се под закана дека ќе добијат отказ ако не учествуваат.

    Руските медиуми објавија дека излезноста во Доњецк првиот ден била 23,6%, во Запорожје 20,5%, а во Херсон 15%.

    Сметаме дека ова е доволно за првиот ден“, изјави Марина Захарова, шефицата на изборната комисија во Херсон.

    Гласачки места се отворени и во Москва.

    На ливчињата во самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск стои „Дали го поддржувате пристапувањето на вашата република кон Русија како федерален субјект“, додека во Запорожје и Херсон граѓаните се изјаснуваат по прашањето „Дали ја поддржувате сецесијата на регионот од Украина, создавање независна држава и нејзино припојување кон Русија како федерален субјект?“.

    Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје претставуваат 15% од Украина. Владимир Путин кажа дека ги поддржува референдумите и дека луѓето кои живеат на овие подрачја треба сами да решат за својата судбина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира