РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО СУДАН ПРОНАЈДЕН МРТОВ ДОМА

    РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО СУДАН ПРОНАЈДЕН МРТОВ ДОМАКартум, главниот град на Судан

    Рускиот амбасадор во Судан Миргајас Ширински, денес беше пронајден мртов во неговиот дом во Картум, соопшти полицијата во суданскиот главен град.

    Не се знае причината за смрта, но портпарлот на полицијата изјави дека било познато оти Ширински страдал од крвен притисок.

    Во февруари оваа година во Њујорк умре рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин, на кого му се слоши на работно место и беше префрлен итно во болница. Пред тоа, во јануари на сличен начин, од срцев удар или ненадејно умреа и рускиот амбасадор во Индија и рускиот конѕул во Атина, Грција.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари