РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ТУРЦИЈА УБИЕН ВО АНКАРА

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Истанбул,(АП)

    РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ТУРЦИЈА УБИЕН ВО АНКАРА

    Вооружен напаѓач го застрела рускиот амбасадор во Турција и уште најмалку тројца други вечерва во уметнички центар во турската престолнина Анкара. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека дипломатот бил убиен во терористички напад.

    Вооружениот напаѓач по убиството на рускиот амбасадор во Анкара. (Фото: АП)

    Вооружениот напаѓач по убиството на рускиот амбасадор во Анкара. (Фото: АП)

    Амбасадорот Андреј Карлов беше застрелан одзади додека зборуваше на изложба, според неколку сведоци, вклучувајќи и еден фоторепортер на агенцијата АП, кој бил на настанот во Музејот на современа уметност во Анкара. Други кажаа дека амбасадорот веднаш паднал на подот и дека напаѓачот бил убиен по престрелка со специјалните полициски сили.

    Во видеото од убиството што циркулира на социјалните мрежи, напаѓачот може да се слушне како вика: „Алаху акбар. Не го заборавајте Алеп! Не ја заборавајте Сирија!“

    Портпаролот на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова за телевизијата „Росија 24“ кажа дека Карлов починал од раните во, како што изјави, терористички напад. „Си-Ен-Ен Турк“ објави фотографии на кои се гледаат неколку луѓе како лежат на подот во галеријата. Турската телевизија НТВ јави дека најмалку три други лица се ранети.

    Нападот се случи среде протестите во Турција против улогата на Русија во војната во Сирија. Руската и турската влада, иако поддржуваат различни страни во конфликтот, соработуваа во последно време на евакуацијата на цивилите од разурнатиот град Алеп.

    Карлов, кој ја почна дипломатската кариера во 1976 година, работеше над две децении во Северна Кореја, пред да пристигне во регионот во 2007 година, се вели во неговата биографија на веб страницата на руската амбасада во Анкара. Тој стана амбасадор во јули 2013 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира