РУСКИОТ НОВИНАР МУРАТОВ ГО ПРОДАДЕ СВОЈОТ НОБЕЛОВ МЕДАЛ ЗА 103,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ ЗА УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ

    РУСКИОТ НОВИНАР МУРАТОВ ГО ПРОДАДЕ СВОЈОТ НОБЕЛОВ МЕДАЛ ЗА 103,5 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, ПАРИТЕ ЌЕ ОДАТ ЗА УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИМуратов ја доби Нобеловата награда за бранење на слободата на изразувањето во Русија (Фото: Гети)

    Уредникот на рускиот независен весник „Новаја газета“, Дмитри Муратов, го продаде медалот на Нобеловата награда за мир, што ја доби лани, за 103,5 милиони долари. Муратов кажа дека парите собрани на аукцијата ќе бидат донирани за бегалците од војната во Украина.

    Муратов ја доби Нобеловата награда за бранење на слободата на изразувањето во Русија, но неговиот весник престана да работи во март, набргу по почетокот на руската инвазија на Украина.

    Аукциската куќа „Херитиџ“ не објави кој го купил медалот на аукцијата во Њујорк.

    Муратов, кој ја доби Нобеловата награда заедно со Филипинката Марија Реса, беше меѓу шестемина новинари кои го основаа „Новаја газета“ во 1993 година. Од 2000 беа убиени шестмина новинари и соработници на весникот, вклучувајќи ја истражувачката новинарка Ана Политковскаја.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира