РУСКИТЕ ЛЕКАРИ ВЕЛАТ НЕ ПРОНАШЛЕ ДОКАЗИ ДЕКА НАВАЛНИ Е ОТРУЕН

    РУСКИТЕ ЛЕКАРИ ВЕЛАТ НЕ ПРОНАШЛЕ ДОКАЗИ ДЕКА НАВАЛНИ Е ОТРУЕНГермански активисти денеска испратија медицински авион за Русија со цел да го однесат Навални на лекување во Берлин (Фото: АП)

    Лекарите од болницата во Омск изјавија дека не пронашле траги оти рускиот опозиционер Алексеј Навални бил отруен. Тие сепак одбија да го одобрат неговиот трансфер во Германија, каде што би го продолжил лекувањето.

    „Никакви отрови, ниту траги на отрови не се пронајдени во неговиот систем. Труењето како дијагноза е сѐ уште опција, но ние не веруваме дека пациентот бил отруен“, изјави заменик директорот на болницата во Омск, Анатоли Калиниченко.

    Навални (44) од вчера е во кома и приклучен на респиратор и се верува дека бил отруен на аеродромот во Томск. Германски активисти денеска испратија медицински авион за Русија со цел да го однесат Навални на лекување во Берлин, но руските лекари сметаат дека неговата состојба е нестабилна и би било опасно сега да патува. Омск е оддалечен од Берлин 4.200 километри и летот би траел околу шест часа.

    „Забраната за транспорт на Навални е закана по неговиот живот. Трансферот се одложува додека не исчезнат трагите на отровот од неговото тело“, изјави портпаролката на критичарот на Путин, Кира Јармиш.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира